belupo
pattern-left pattern-right

ПРЕЦИЗНА
СПРЕЈ ТЕХНОЛОГИЈА

Прецизната технологија на Belcura емулзијата овозможува фино и рамномерно нанесување на емулзијата на кожата. Со притискање на копчето (континуиран режим на спрејот) корисникот многу брзо може да ја нанесе Belcura емулзијата на помала или поголема површина на телото. По нанесувањето, потребно е кратко и нежно да се втрие емулзијата, со што би се овозможила потполна абсорбција во кожата. На тој начин се избегнува долготрајно нанесување и евентуалната иритација на кожата.

 

ФИНА
ДИСПЕРЗИЈА

Благодарение на ултра-фината дисперзија, нанесувањето на Belcura емулзијата е доста економично. Содржината од 125мл може да се користи за околу 100 апликации и тоа за поголема површина на кожата.

ПРАКТИЧНА
ПРИМЕНА

При развојот на Belcura емулзијата, посебно внимание посветивме на потребите на редовните корисници на посебни производи за нега на кожата. Покрај ублажувањето на различни кожни состојби, посебен акцент е ставен на практичната примена, односно на нанесувањето на производот.